Тајсон Фјури направи неверојатен потег. Донираше 7 милиони фунти за бездомници и со тоа покажа дека е човек од збор. Пред мечот против Донте Вајлдер, Фјури најави дека целата заработена сума ќе ја донира. Сега тоа и го оствари.
Мотивот за донација на заработената сума ја најде за време на промоцијата на мечот против Вајлдер. Шетајќи низ гредовите во САД, Фјури забележал дека има многу бездомници. Тогаш и ветил дека ќе се обиде да им помогне на сите оние кои немаат свој дом.
„Ја донирав целата моја заработка од последниот меч против Вајлдер. Тоа не го направив за да си направам промоција, туку за да се обидам да им помогнам на луѓето на кои им е потребна помош“, објасни Фјури.
Првиот меч против Вајлдер заврши без победник, па сега Фјури се подготвува за реванш против Американецот. Се очекува британскиот борец да заработи уште повеќе пари од споменатите 7 милиони фунти од првиот меч против Вајлдер.