Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах, на прашањето со кои тројца фудбалери би сакал да биде во ист тим одговори дека покрај Лионел Меси и Кристијано Роналдо, како трета опција му е Кевин де Бројне.
Салах и Де Бројне за малку ќе заиграа заедно во Челзи во 2014 година, но Салах тоа лето дојде во Челзи, а Де Бројне замина во Волфсбург.
„Дрим-тим од тројца играчи со кои никогаш не сум играл? Меси и Роналдо, а ако треба да одберам некој од Премиер лигата, го бирам Кевин де Бројне. Тој има визија, сигурен сум дека со топка може да ме пронајде каде било на терен. Затоа би рекол Меси, Роналдо, па Де Бројне. Одличен играч е, како и целиот тим на Сити“, изјави Салах.