Реал Мадрид подготвува божиќен подарок, Анчелоти добива договор до 2026 година

Реал Мадрид и Карло Анчелоти изградија однос на доверба кој носи успеси и трофеи во витрините на Кралскиот клуб. Италијанскиот стратег има договор со Реал до јуни 2024 година и веќе подолго време има шпекулации дека Анчелоти ќе си замине од „Сантијаго Бернабеу“ за да ја преземе репрезентацијата на Бразил.

Уште има нејаснотии околу иднината на Анчелоти, но од Мадрид стигнуваат позитивни најави дека тренерот и претседателот на клубот, Флорентино Перес, се блиску до продолжување на договорот.

За Анчелоти ова е втор мандат како тренер на Реал Мадрид, а дојде во 2021 година на местото на Зинедин Зидан и во својата прва сезона ги освои Лигата на шампионите и шпанското првенство. Реал и сезонава игра одлично и тимот моментално е прв во домашното првенство, а сигурно гази и во Лигата на шампионите.

Најавите се дека Анчелоти ќе се договори да остане во Реал и тоа ќе биде потврдено за Божиќ. Новиот договор би требало да го задржи италијанскиот тренер до јуни 2026 година.

- Оглас -

Најнови вести