Серхио Рамос е рекордер по бројот на добиени црвени картони во шпанското првенство. Легендарниот дефанзивец кој сезонава го носи дресот на Севилја, на мечот против Реал Сосиедад по 29-ti пат во кариерата беше исклучен.
Ова исклучување на Рамос е едно од најчудните. Фудбалерот кој е и рекордер по бројот на добиени жолти картони (171), против Сосиедад имаше жолт картон кога направи фаул, по кој судијата му даде и втор жолт картон, што автоматски значи исклучување.
Рамос се бунеше поради оваа одлука на судијата и побара да биде прегледана ВАР-снимката бидејќи беше убеден дека не направил фаул. Арбитерот замина да ја погледне репетицијата од спорната ситуација и реши да ја промени одлуката.
Наместо втор жолт картон, па потоа црвен картон, судијата реши дека без да добие втор жолт картон, ќе заработи исклучување.
https://twitter.com/i/status/1729261231377359346