Екипата на Леон се пласира во четвртфиналето од разигрувањето за првак на Мексико откако во драматичен меч со 3:2 го победи Сантос Лагуна. Домаќините фудбалери започнаа фуриозно и по нецели 50 минути игра имаа убедливо водство од 3:0.
Сепак, неколку минути по третиот погодок, еден домашен фудбалер доби црвен картон и потоа следуваше доминација на Сантос. Гостите намалија на 2:3, а во финишот имаа и неколку шанси да стигнат до 3:3, но среќата беше на страната на Леон.
Пред мечот, на теренот на стадионот на Леон се појави свештеник, кој даде благослов, а на крајот тоа се покажа и како амајлија.