Реал Мадрид, кој не знае за пораз по девет одиграни натпревари во Евролигата, вечерва во празна сала во Белград на гостувањето кај Макаби Тел Авив има прилика да стане прв тим во историјата на Евролигата кој една сезона ја почнал со скор 10-0, а веќе задутре Кралскиот клуб има едно уште потешко гостување, кај Фенербахче во полна сала во Истанбул.
Макаби има 5-4 по девет меча, а за нивна несреќа, против Реал, исто како и против Барселона во минатото коло, наместо во преполна сала во Тел Авив, мора да играат далеку од дома, во српската престолнина Белград, и тоа од безбедносни причини и без присуство на публика.
Реал е фаворит за победа вечерва, а тука се и огромниот број игри во Sport Life за оваа средба.
Ако сте повеќе за играње на индивидуалци, има 13-мина кошаркари за кои може да погодувате колку поени ќе постигнат, а може да се обложите и на број на скокови и асистенции на одбраните играчи во понудата.