Кошаркарите на Реал Мадрид го декласираа Макаби Тел Авив со 99:70 во последниот натпревар од шестото коло на Евролигата што се одигра во Белград.
Во празната сала „Александар Николиќ“ гостите веќе во првиот дел остварија двоцифрена предност, а до крајот на мечот Макаби ниту еднаш не успеа да ја загрози предноста на Кралевите.
Валтер Таварес го предводеше Реал до победата со 19 поени и осум скока, а двоцифрени беа и Марио Хезоња со 16, Џанан Муса со 15, Факундо Кампацо со 11 и 9 асистенции и Габриел Дек со 10.
Кај Макаби најефикасен беше Лоренцо Браун со 16 поени и 9 асистенции.
Со новата победа, европскиот шампион Реал Мадрид го задржа максималниот учинок, 10 победи во 10 меча, додека Макаби има половичен скор по пет победи и порази.