Легендарниот фудбалер на Милан и на украинската репрезентација, Андриј Шевченко, би можел повторно да се врати во Италија, и тоа како тренер на „неговиот“ тим.
Италијанските медиуми денеска пишуваат дека неговите претставници одржале разговор со челниците на Милан, на кој им понудиле Шевченко да ја води екипата до крајот на сезоната.
Актуелниот тренер Стефано Пиоли се наоѓа на удар на навивачите на Милан, но и на италијанската јавност поради слабите резултати сезонава. Росонерите 49 дена немаа победа во Серија А, а по вчерашниот пораз од Борусија Дортмунд (1:3), се наоѓаат пред испаѓање во ЛШ.
Пиоли има договор со Милан до 2025 година кој му носи годишна плата од 4,2 милиони евра.
Шевченко, пак, во својата тренерска кариера има само два ангажмани. Од 2016 до 2021 година беше селектор на Украина, а од ноември 2021 година до февруари 2022 година седеше на клупата на Џенова, од каде што доби отказ поради слави резултати.