Во тек е аукција на која се наддава за шесте дреса кои Лионел Меси ги носеше за време на Светското првенство во Катар, кога со репрезентацијата на Аргентина ја освои својата прва светска титула.
Во комплетот се дресовите кои Меси ги носеше на мечевите со Саудиска Арабија, Мексико, Австралија, Холандија, Хрватска и Франција. Аукцијата трае до 14 декември, а во моментов највисоката понуда за овие дресови изнесува 5,2 милиони долари.
Популарноста на Меси и во САД е голема, неговиот клуб Интер Мајами се пофали дека веќе се продадени сите сезонски билети за нивните домашни мечеви во следната сезона, која ќе се игра во 2024 година.