Австрискиот фудбалер Михаел Грегорич приреди вистинско шоу за публиката во Фрајбург. Во првото полувреме против Олимпијакос во дуел од Лигата на Европа направи хет-трик, а имаше и асистенција при голот за 4-0.
Тимот од Пиреја нема шанса да оди понатаму, но веројатно ќе бидат трети во групата и напролет ќе играат во Конференциската лига. Сепак, никој не очекуваше дека толку лабаво ќе влезат во мечот, а Грегорич го искористи тоа за два гола во првите 8 минути и хет-трик за малку повеќе од половина час игра.