Пелистерци немоќни, овојпат не го загрозија Кјелце

Еурофарм Пелистер го претрпе и деветтиот пораз во деветтиот настап сезонава во ракометната Лига на шампиони. Македонскиот првак загуби во Полска од Кјелце со 25-35 во меч на кој победникот рано беше одлучен.

За разлика од мечот во Битола, кога Кјелце победи само со три гола разлика, овојпат Зелено-белите во голем дел од мечот делуваа само како посилен спаринг-партнер.

По првото полувреме резултатот беше 18-12 и беше јасно дека битолчани тешко дека ќе може да изненадат. Разликата одеше и до двоцифрена и финишот беше само формалност.

Цехте со 7 и Пешевски со 5 гола беа најефикасни кај Е. Пелистер.

- Оглас -

Најнови вести