Обрадовиќ го победи својот Панатинаикос, Лесор загуби од саканиот Партизан

Партизан на мајсторски начин се спаси од пораз против Панатинаикос и ја искористи помошта од публиката за да дојде до голема победа од 92-87 во меч од Евролигата, на којшто имаше и продолжение од пет минути.

Црно-белите се спасија од пораз во последната четвртина од регуларниот дел, а потоа немаше сила која ќе ги запре на патот до победата во екстра периодот.

Кошот кој ја запечати победата на белграѓани беше атрактивно забивање на Зек Лидеј:

https://twitter.com/i/status/1730345561490923568

- Оглас -

Најнови вести