Екипата на Ливерпул сезонава игра неверојатно на својот „Енфилд роуд“, а тоа го покажа и со синоќешниот триумф од 4:0 над ЛАСК Линц во Лигата на Европа.
Ова беше десетта победа во десетте меча на Ливерпул пред своите гледачи во сите натпреварувања и сите триумфи беа изразени со најмалку два гола разлика.
10 – Liverpool have won all 10 of their games at Anfield in all competitions this season, each by a margin of 2+ goals. They're only the second English top-flight side ever to win 10 straight home games by 2+ goals, after Wolves from December 1938 to April 1939 (12). Perfect. pic.twitter.com/TSUFlGLxGm
— OptaJoe (@OptaJoe) December 1, 2023
Ваква доминација не е видена повеќе од осум децении, односно од декември 1938 до април 1939 година кога Вулверхамптон победи на 12 натпревари по ред на домашен терен.
Сите победи на Ливерпул на „Енфилд“ сезонава:
Ливерпул – Борнмут 3:1
Ливерпул – Астон вила 3:0
Ливерпул – Вест хем 3:1
Ливерпул – Лестер 3:1
Ливерпул – Унион Сен жил 2:0
Ливерпул – Евертон 2:0
Ливерпул – Тулуз 5:1
Ливерпул – Нотингам форест 3:0
Ливерпул – Брентфорд 3:0
Ливерпул – ЛАСК Линц 4:0