По Партизан, и Црвено-белите славеа во Белград

Кошаркарите на Црвена звезда го совладаа поранешниот европски шампион Анадолу Ефес со 97:83 во 11-то коло од Евролигата и ја прекина мини-серијата од два порази по ред. Ова беше четврта победа за Црвено-белите во 11-тиот меч, додека турскиот тим има скор 5-6.

Оваа победа на Црвено-белите доаѓа само 24 часа откако во „Штарк арената“ во Белград, славеше и Партизан и тоа над Панатинаикос.

Првата четвртина заврши со минимална предност на Црвена звезда (22:21), но на одмор се замина со предност на Анадолу Ефес од 43:49. Во третата четвртина, Звезда успеа да ја врати предноста, за на стартот од последниот дел да направи серија 8:2 и да поведе 80:72. Црвено-белите до крајот, ја зголема предноста и славеа со убедливи 97:83.

Најдобри кај Црвена звезда беа Немања Недовиќ со 23 и Лука Митровиќ со 19 постигнати поени, додека кај Анадолу Ефес најпрецизен беше Шејн Ларкин со 21 поен.

- Оглас -

Најнови вести