Шпанската пресметка во 11-то коло во Евролигата меѓу Валенсија и Басконија, му припадна на гостинскиот тим со 98:84 кој продолжува со одличните игри откако Душко Ивановиќ седна на клупата.
Ова беше петта победа во шесте меча за Басконија со Ивановиќ како тренер и сега тимот од Виторија има скор од шест победи и пет порази и се наоѓа на делба на петтото место на табелата.
Валенсија го доживеа петтиот пораз по ред и по 11 кола има пет победи и шест порази.
Маркус Хауард со 24 поени и 5 скока беше најдобар кај Басконија, додека Оџелеј со 16 поени ја предводеше листата на стрелци кај Валенсија.
Барселона со 101:92 го победи Асвел и на најдобар начин го искористи поразот на Реал Мадрид да им се приближи на Кралевите на табелата. Ова беше деветта победа во 11-тиот натпревар за Барселона и е втора на табелата, веднаш зад Реал Мадрид кој има 10-1.
Дилемите околу победникот беа решени во третата четвртина кога Барселона дојде до плус 15.
Најдобар кај Барселона беше Николас Лапровитола со 28 поени притоа погодувајќи осум тројки.