Натпреварот од второто коло во ФА купот кој ќе се играше синоќа меѓу Нотс каунти и Шрусбери заврши со триумф на гостите (2:3) кои сите три гола ги постигнаа по неверојатни грешки на дефанзивците на домашниот тим.
Сите три гола за Шрусбери ги постигна Рајан Боуман, а резултатот го отвори уште во првата минута, а другите два гола ги постигна во 49-та и 56-та минута.
Поради сомнителните голови, фановите на социјалните мрежи се сомневаат во местенка и бараат од англиската фудбалска федерација да го истражи мечот.
https://twitter.com/i/status/1730709327009181787