Жирона по ремито во минатото коло, им се врати на победите (Видео)

Фудбалерите на Жирона продолжуваат со фантастичните игри сезонава, ја совладаа Валенсија со 2:1 во рамки на 15-то коло во Ла Лига и барем неколку часа повторно ќе бидат сами на врвот на табелата.

Жирона има 38 бода, три повеќе од Реал Мадрид кој својот меч од 15-то коло ќе го игра од 18.30 часот против Гранада.

Сите три гола беа постигнати во второто полувреме, а Жирона до триумфот дојде со пресврт.

Дуро во 57-та минута и донесе водство на Валенсија, но во финишот, каталонскиот тим постигна два гола и ги освои трите бода. Херој на Жирона беше Кристијан Стуани кој ги постигна двата гола, првиот во 83-та минута, а вториот кој ја донесе победата во 88-та минута.

- Оглас -

Најнови вести