Рони О’Саливен го пофали Ѓоковиќ: Тој е крал, сакам да бидам како него!

Најдобриот и убедливо најпопуларен снукер играч на сите времиња, 47-годишниот Англичанец Рони О’Саливен, го пофали српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.

„Федерер, Надал, Ѓоковиќ, отсекогаш сум сакал да ги гледам. Тие се тројца од најдобрите на сите времиња. За мене Ѓоковиќ е крал на сѐ. Без разлика дали сте фудбалер, играч на голф или хокеј, сите се угледуваат на Ѓоковиќ. Посакувам да можам на маса да го правам тоа што го прави Ѓоковиќ на теренот“, изјави седумкратниот светски првак.
- Оглас -

Најнови вести