Трент Аександр Арнолд е јунакот на Ливерпул, откако денеска со два гола му донесе победа на својот тим од 4-3 во драматичниот меч со Фулам. Гостите од Лондон поведоа со 3-2 во 80-та минута, но осум минути подоцна Црвените водеа со 4-3.
На сите четири меча попладнево (оние што почнаа од 15 часот) во Премиер лигата двата тима даваа гол, но два меча завршија нерешено, па само два тима се радуваа. Астон Вила се спаси од пораз против Борнмут во меч кој заврши 2-2, Вест Хем одигра 1-1 со Кристал Палас во малото лондонско дерби.
Освен Ливерпул, победи и Челзи кој со 3-2 беше подобар од Брајтон во меч на кој гостите може да се извлечат ако добиеја пенал во судиското продолжение, а Сините цело второ полувреме имаа човек помалку по исклучувањето на Галагер.
Со новата победа, Ливерпул е втор со два бода помалку од Арсенал. Најубавиот гол на мечот со Фулам го даде Алексис Мекалистер кој конечно првпат погоди во дресот на Црвените, а прекрасни голови даде и Александер Арнолд, особено оној за водство од 1-0 кога погоди од слободен удар, иако и тој за 4-3 не е за потценување.
wow! what a goal, Trent #LIVFUL pic.twitter.com/j35NBMilVB
— Peter Daniels ︎ ︎ ︎ (@PeterDanielsZA) December 3, 2023