Ждрепка за ФА Купот: Ќе има спектакл уште во третото коло

Најстарото клупско фудбалско натпреварување во светот, популарниот ФА куп, попладнево ја имаше ждрепката за третото коло. Во првите две кола играат екипите од ниските лиги, а веќе од оваа фаза се приклучуваат и екипите од Премиер лигата и Чемпионшип.

Ждрепката сакаше уште во третото коло, односно прво откако се приклучуваат најдобрите екипи, да има едно големо дерби. Арсенал ќе игра против Ливерпул во меч кој треба да се игра за 6 или 7 јануари. Овие две екипи сезонава играат одлично и се меѓу фаворитите во трката за титулата во Премиер лигата.

Бранителот на трофејот во ФА Купот, Манчестер сити на свој терен ќе игра против второлигашот Хадерсфилд, Тотенхем е домаќин на Барнли, а Евертон во Ливерпул ќе го пречека Кристал Палас. Брентфорд ќе игра против Вулверхемптон, додека по 12 меча кои по ред ги одигра на свој терен, сега Манчестер јунајтед во ФА Купот ќе гостува и тоа кај Виган.

- Оглас -

Најнови вести