За време на синоќешниот меч од НФЛ-лигата во американски фудбал помеѓу Њу Орлеанс сејнтс и Детроит лајонс се случи една сцена која ретко се гледа на спортските терени, играч му скрши нога на судија.
Ранинг бекот на Светците, Алвин Камара, тргна да трча и да освои три јарди, па беше турнат и по инерција падна надвор од теренот. Сите во близина навреме се тргнаа освен судијата, кој доби силен удар во ногата. На судијата му летна и патиката, а камерите фатија една непријатна глетка, која потврдува дека ногата е скршена.