Данскиот тенисер Холгер Руне вели дека сите млади тенисери мора заеднички „да работат“ за да го натераат Новак Ѓоковиќ да оди во спортска пензија. Според Руне, најлесно е Ѓоковиќ да се повлече од светската сцена само ако почне многу почесто да губи од нив. Руне смета дека тој, заедно со Карлос Алкарас и Јанис Синер, треба да бидат оние кои ќе го „испратат“ Ѓоковиќ од светскиот тенис.
„Сите имамвме одлична сезона. Јаник беше феноменален, Карлос го освои Вимблдон. За овој спорт добро е да има повеќе тенисери кои ќе доминираат. Не велам дека ние доминираме затоа што Новак уште е тука, но мораме да се обидеме да го симнеме од врвот“, вели Руне.
И покрај сите обиди на младите тенисери, оваа 2023 година Ѓоковиќ ја заврши спектакуларно. Србинот триуфмираше на три гренслем-турнири, го освои и завршниот Мастерс, а на крајот годината ја заврши и на првото место на АТП-листата, и тоа по рекорден осми пат.
„Не треба ние само по еднаш да го победуваме Новак. Тоа мора да го правиме многу почесто. Ѓоковиќ освои три од четирите гренслем-турнири. Мене ми се допаѓа што Новак е тука затоа што ние помладите играчи може да бидиме, тоа е вистинското и што треба да се направи. Тој постави многу висок стандард“, додаде Руне.