Нагелсман може да добие отказ пред стартот на ЕП?

Актуелниот селектор на Германија, Јулијан Нагелсман, би можело да добие отказ пред стартот на Европското првенство доколку до март идната година не покаже напредок во играта и резултатите на националниот тим, смета поранешниот германски фудбалер, Дитмар Хаман.

Нагелсман во септември годинава седна на селекторското столче по отказот на Ханси Флик, со што стана вториот најмлад селектор, а има договор до завршување на ЕП, но Хаман смета дека сè ќе зависи од пријателските натпревари, кои треба да се играат во март идната година.

„На последните две Светски првенства бевме елиминирани уште во групната фаза и имаме огромни проблеми. Мислам дека годинава загубивме на повеќе натпревари отколку што победивме. Прашање е што ќе направиме под водство на Нагелсман и мислам дека е прашање дали тој ќе ја води репрезентацијата на ЕП. Во март идната година играме два контролни меча против Холандија и Франција и ако загубиме на двата, мислам дека не можете да одите на Европско првенство со селектор кој загубил на последните четири натпревари“, вели Хаман.

- Оглас -

Најнови вести