Алкалоид го игра последниот меч во дебитантската сезона во Европа, квотите велат дека досега е најблиску до победа (Фото)

Ракометарите на Алкалоид вечерва од 18.45 часот во СЦ „Јане Сандански“ ќе го играат последниот меч од дебитантската сезона во европските купови против шпанскиот Логроњо Ла Риоха.

Во досегашните пет кола во Лигата на Европа, Алкалоид освои еден бод, и тоа против вечерашниот противник на гостински терен. Во Логроњо беше 29:29.

Квотите и овојпат го фаворизираат шпанскиот тим, но исто така им даваат најголеми шанси досега на избраниците на Кирил Лазаров да дојдат до првата европска победа. Квотата за триумф на Алкалоид изнесува 2.55, додека таа за триумф на шпанскиот тим е 1.77.

- Оглас -

Најнови вести