Ривалството помеѓу Барселона и Мадрид добива нова димензија и се сели во нов спорт, Формула 1. Весникот „Ел Мундо депортиво“ пишува дека по 30 години, трките во Формула 1 нема да се возат на патеката „Каталуња“ во Барселона, туку ќе се преселат во Мадрид.
Договорот кој би бил финансиран од приватни инвеститори, треба да биде официјализиран во наредните денови.
Според проценките, заработката на Мадрид од градската трка би изнесувала околу 500 милиони евра годишно, а трката би се одржувала од 2026 до 2036 година.
Идејата на сопствениците на Формула 1 е во иднина да има сè повеќе градски трки наместо на специјално изградените патеки.