Францускиот скијач Алекси Пантуро го освои првиот златен медал на светските првенства со победа во комбинација на шампионатот во Оре.
Пантуро комбинирано имаше најдобро вкупно време по спустот и слаломот и прв ја мина целта, пред сензационалниот освојувач на среброто Словенецот Штефан Хадалин.
Третото место го освои Марко Шварц од Австрија. Пантуро со вкупно време од 1:47,71 беше побрз од хадалин за 24 стотинки и го освои третиот медал на Светските шампионати. Има злато од пред две години во тимска конкуренција и бронза во велеслалом од Бивер Крик во 2015 година.
Хадалин приреди првокласно изненадување и за него ова е прв медал во кариерата.