Американците го прогласија Меси за спортист на годината

Аргентинецот Лионел Меси е прогласен за најдобар спортист за 2023 година во изборот на влијателниот американски магазин „Тајм“.

На магазинот не му беа најважни остварувањата на спортистите годинава, туку се одлучи за Меси поради поинакви причини, ги натера Американците да лудуваат за фудбалот.

„Меси го направи тоа што некогаш се сметаше за невозможно, ја претвори САД во фудбалска земја“, пишува меѓу другото „Тајм“ во своето образложение зошто го избра Меси за спортист на годината.

Лионел Меси изминатото лето го напушти ПСЖ и се преслеи во МЛС-лигата потпишувајќи за Интер Мајами, со што предизвика вистинска „Месиманија“ во САД.
Аргентинецот во дресот на Интер Мајами одигра 14 меча и постигна 11 гола, но не успеа да го внесе тимот во плејофот.

- Оглас -

Најнови вести