Кошаркарите на Партизан ја забележаа третата победа по ред во Евролигата, откако вечерва во Белград “падна“ Милано. “Црно-белите“ во еден момент имаа негатива од -15, но на крајот победија со 82-69.
Гостите од Италија одлично го отворија натпреварот и после првите 10 минути имаа предност од 20-25. Откако втората четвртина заврши нерешено, кошаркарите на Милано со +5 заминаа на паузата. Одличната игра на гостите продолжи и во третиот период, кога успеаја да дојдат до +15, но тука започна пеколот за нив.
Кошаркарите на Партизан заиграа фуриозно и направија комплетен пресврт, а веќе на почетокот на последниот период дојдоа и во водство. Посебно за истакнување е четвртата четвртина, која им припадна на “црно-белите“ од Белград со 21-7.