Екипата на Ливерпул во јануарскиот преоден рок нема да ја засилува одбраната, потврди Јирген Клоп на прес-конференцијата со новинарите пред натпреварот со Кристал палас. Шпекулациите се појавија откако се појави опасност стоперот Жоел Матип го пропушти остатокот од сезоната.
– “Веќе осум години не можам да сфатам зошто ми поставувате исти прашања. Секогаш зборувате за трансферите како да е тоа наједноставната работа на светот. Треба да се пронајде играчот, да се пронајдат пари за него, а ние како да ги имаме бесконечно, не можам тоа да го сфатам. Сите зборувате исто, медиумите, навивачите, сите. Се тоа чини пари, а играчите мора да бидат оние вистинските. Еве може вие да ми кажете кој клуб продава топ стопер? Не било каков, туку најдобар, бидејќи само таквите може да играат за Ливерпул. Сега имаме четворица и не ни треба петти.“ – рече Клоп.