Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, постојано се обидува да ја зголеми конкуренцијата во својата екипа и да доведе нови фудбалери со кои актуелниот освојувач на Премиер лигата и Лигата на шампионите ќе биде уште поквалитетен.
Според англиските медиуми, десниот бек на Челзи, Џејмс Рис, е голема желба на каталонецот и Манчестер сити ќе се обиде да го донесе уште во зимскиот преоден рок, иако фудбалерот има договор со клубот од “Стемфорд бриџ“ до 2027-мата година.
Најавите од Челзи се дека немаат проблем да го пуштат фудбалерот за вистинската цена, а “граѓаните“ се подготвени да го одврзат кесето и да ја платат бараната сума. Пеп Гвардиола дури и лично во неформален разговор го прашал фудбалерот дали би сакал да дојде во неговата екипа, но останал вчудоневиден од одговорот кој го добил.
– “Ако заминам од Челзи, нема да играм за друг клуб во Премиер лигата. Можам да одам само во Реал Мадрид.“ – бил одговорот на Џејмс Рис на прашањето на Пеп Гвардиола.
Сепак, доколку Гвардиола и Сити одлучиле да го доведат фудбалерот, нема да биде изненадување и доколку успеат да го убедат да го облече дресот на најдобрата екипа во Европа.