Последното, 18-то есенско коло од Првата македонска фудбалска лига го отвораат екипите на Гостивар и Македонија ЃП. Домашните се фаворити на мечот кој ќе се одигра на Градскиот стадион во Гостивар со квота од 2.10 во понудата на Sport Life.
Гостиварци фаворитската улога ја заслужија пред се поради одличната форма во која се наоѓаат. Повратникот во елитата на последните 10 првенствени натпревари нема пораз, односно забележа четири победи и шест порази, а последниот пораз го има токму од Македонија ЃП, кога на гостувањето во Скопје загубија со 3-0.
Квотата дека тимот од Ѓорче Петров уште еднаш ќе го победи Гостивар, овојпат на негов терен е дури 3.30. Последните три натпревари помеѓу овие две екипи секогаш завршувале со најмалку три погодоци, а квотата за такво нешто и денес е одлична, дури 2.35.