Гостивар ја победи Македонија Ѓорче Петров со 1-0 во прволигашки меч со драматична завршница. Во последните десетина минути, имаше се и сешто.
Со оваа победа, гостиварци се искачија на петто место, додека за Лавовите ова е четврти пораз во последните пет кола.
Единствениот гол падна од пенал во 89-та минута, а реализатор беше Кехинде.
Во првото полувреме голманот Стевковски одбрани неколку шутеви и спречи водство на Гостивар, а во финишот се истакна и неговиот колега Абази кој имаше одлична одбрана при 1-0 и не дозволи изедначување.
Гостивар во 83-та минута остана со човек помалку откако Јаник во една мешаница без топка удри противнички играч. Но, судијата Стојанов за Лавовите веројатно ќе биде посочен како главен виновник за поразот. Неколку минути пред да досуди пенал за Гостивар, не досуди најстрога казна за гостите при една спорна ситуација во 16-никот на гостиварци.