Со денешните пет натпревари од Првата македонска фудбалска лига, завршува таканаречениот есенски дел од шампионатот, и првенството ќе продолжи во февруари, па ова е последна шанса годинава да се уплати во Sport Life за домашен фудбал.
Струга Трим Лум ја пречекува Брегалница, а со победа, стружани ќе останат први на табелата после 18 кола и во февруари ќе тргнат од пол-позиција во трката за титулата.
Вардар во Маџари го пречекува Тиквеш. На Црвено-црните им требаат бодови за бегство од дното на табелата, но кавадарчани се фаворити на хартија и за победа над фенерџијата имате одлична квота.
Супер квоти има и за Воска спорт – Работнички, а Шкендија е голем фаворит против Силекс во дуел на третиот и четвртиот на табелата. Шкупи гостува во Струмица и ако победи, ќе чека кикс на Струга, за да биде прв на табелата. Инаку, Шкупи и Брера се две од трите екипи со најмалку примени голови во лигата.