Трагедија во Шпанија, почина навивач на трибини

Натпреварот меѓу Гранада и Атлетик Билбао кој требаше да се игра во рамки на 16-то коло во Ла Лига е прекинат бидејќи на трибините почина навивач на домашниот тим.

Во 17-та минута беше прекинат мечот кој се играше на стадионот во Гранада бидејќи навивач на домашниот тим добил срцев удар.

Лекарските екипи на стадионот се обиделе да го реанимираат, но не успеале, поради што е донесена одлука да не се доигра натпреварот.

 

https://twitter.com/carrusel/status/1733888662268482036

 

- Оглас -

Најнови вести