Спектакл во Каталонија: Жирона со фантастичниот гол на Гутиерес води после првото полувреме! (Видео)

Вистински спектакл приредија Барселона и Жирона во првото полувреме во дерби дуелот на шпанската Ла Лига. Сензацијата оваа сезона, екипата на Жирона прва дојде во водство преку украинецот Артен Довбик во 12-тата минута.

Барселона возврати во 19-тата минута преку Роберт Левандовски.

Сепак, Мигел Гутиерес во 41-вата минута постигна погодок кој и донесе водство на Жирона после првите 45 минути, кои ако успее да ги задржи до самиот крај, ќе биде осамена на врвот од табелата во Ла Лига.

- Оглас -

Најнови вести