Жирона ќе игра во ЛШ, но еден од условите е братот на Гвардиола да си оди од клубот!

Шпанската Ла Лига има сензационален лидер во екипата на Жирона, која во моментов има два бода предност пред Реал Мадрид на врвот. Малиот клуб од Каталонија има големи шанси сезоната да ја заврши на едно од првите четири позиции и да обезбеди историски пласман во Лигата на шампионите. Сепак, се поставува прашањето дали ќе им биде дозволен настап во најквалитетното натпреварување на УЕФА.

Жирона од 2017 година е дел од „Сити фудбал групацијата“, која под своја капа има неколку екипи, а секако главен е Манчестер сити, актуелниот освојувач на Лигата на шампионите. Правилата на УЕФА забрануваат две екипи со ист сопственик да играат во исто натпреварување, но уделот на „Сити груп“ е само 47%, па најголем проблем претставува тоа што претседател на бордот на Жирона е Пере Гвардиола, братот на тренерот на Манчестер сити, Пеп. Веројатно тоа ќе биде и главниот услов, а и таа пречка ќе биде отстранета со повлекувањето од раководните структури на братот на Пеп Гвардиола.

Освен тоа, Жирона ќе мора да докаже дека нема преголемо тргување со играчи помеѓу екипите за да се утврди дека Манчестер сити нема влијание на екипата. Доколку Жирона игра во Лигата на шампионите, тоа нема да биде првпат две екипи со ист сопственик да играат во најквалитетното клупско натпреварување.

Таков случај имаше со Лајпциг и Салцбург, две екипи кои се во сопственост на компанијата „Ред Бул“, но и случајот кога Милан и Лил играа меѓу себе во Лигата на Европа иако имаа ист сопственик.

- Оглас -

Најнови вести