Тренерот на Жирона задоволен: Имаме 41 бод, обезбедивме опстанок!

Дали Жирона може да ја освои титулата во Шпанија? Многумина велат да, но тренерот Мичел цврсто стои на земја и не сака да му прави притисок на својот тим.

Жирона е лидер во Ла Лига, најефикасен тим, синоќа во гости ја порази Барселона, а за разлика од конкурентите Реал, Атлетико и Барса, напролет ќе нема европски мечеви, туку ќе се фокусираат само на домашната лига, па не е исклучено до крај да остане во трката за титулата.

„Имаме 41 бод, обезбедивме опстанок. Освојување на титулата не ни беше цел пред почетокот на сезонава“, вели Мичел.

За победата над Барселона од 4-2, Мичел вели дека испишале историја.

„Ова што го направивме е историја за нас, а добро е и за лигата. Мора да бидеме задоволни, победуваме и играме убав фудбал. Сакаме да уриваме бариери. Кога ќе дојде последната третина од сезоната, ќе кажеме дали сме во трка за титула“, изјави тренерот на Жирона.

- Оглас -

Најнови вести