Специјалниот Жозе Мурињо синоќа уште еднаш го оправда прекарот, среде меч најде интересен начин како да му испрати „дојава“ на голманот Руи Патрисио со инструкции за завршницата од мечот.
Тренерот на Рома повика едно од децата задолжени за додавање топки кога топката ќе отиде надвор од теренот, па му даде лист хартија и му кажа да го однесе кај голманот.
Камерите го фатија овој момент, а и го зумираа ливчето на кое се гледа што сакал Мурињо да му каже на Руи Патрисио.
На ливчето има инструкции дека при корнер за Фиорентина, Ел Шарави и Бове треба да ја чуваат првата статива.
Еве изгледаше целата акција:
https://twitter.com/i/status/1733966704810561819