Играч во Sport Life од Брвеница поради еден гол постигнат во последната минута од првото полувреме на дуелот меѓу Апоел Никозија и Закакиу за 1:1 во кипарскиот шампионат остана без неверојатна нето-добивка од 848.000 денари.
На тикетот кој е уплатен само за 50 денари, и бруто-добивката изнесуваше речиси милион денари, одиграни се десет натпревари на фаворитите од кои се бараше да остварат сигурни победи, односно „кец во кец“ и да има помеѓу три и пет гола. Квотите за овие игри се движеа од 2.40 до 3.00.
Кобен за обложувачот од Брвеница беше дуелот од кипарскиот шампионат меѓу Апоел Никозија и Закакиу, кој заврши со триумф на фаворитот од 3:1, но на полувреме беше 1:1. Гостите единствениот гол го постигнаа во 44-тата минута.
На останатите мечеви фаворитите го исполнија условот, Атлетико Мадрид, ПСЖ, АЗ, Гент, Порто, Лестер, Ренџерс, П’лзељ и Спарта Прага ги освоија бодовите.
Сепак, како утешна награда со Втора кеш шанса на Sport Life, играчот ја добива назад уплатената сума, но со Premium Lucky Loser добива и ваучери за бесплатно играње во следните 99 дена во висина на уплатената сумa. Тоа значи дека во следните малку повеќе од 3 месеци играчот од Брвеница секој ден ќе може да уплаќа по 50 денари.