Гранада и Атлетик го доиграа мечот кој ќе се памети по трагичниот настан (Видео)

Гранада и Атлетик Билбао вечерва го доиграа мечот кој вчера беше прекинат поради смртта на навивач на домашниот тим на трибините.

Несреќниот навивач Антонио вчера почина од срцев удар за време на мечот, поради што двата тима и делегатот се договорија мечот да се доигра денеска.

https://twitter.com/i/status/1734305735196987892

 

Пред продолжението на дуелот, капитените на двата тима му оддадоа почит на починатиот навивач, а потоа го доиграа натпреварот.

Дуелот заврши без победник откако Гранада благодарение на автоголот на играчот на гостите, Де Галарета, успеа да израмни на 1:1. Вчера Атлетик преку Ињаки Вилијамс поведе во шестата минута.

- Оглас -

Најнови вести