Се тресе столчето на Чави, Лапорта свика итен состанок

Поразот во неделата со 4:2 од Жирона ја натера управата на чело со претседателот Жоан Лапорта да закаже состанок на кој ќе дискутира за судбината на тренерот Чави Ернандес.

Состанокот треба да се одржи в четврток и на него ќе се разговара за судбината на Чави.

Новинарите на поткастот „Бар Каналатес“ тврдат дека веќе постои список со четири имиња кои би можеле да го наследат Чави Ернандес.

Тоа се актуелниот тренер на вториот тим на Барселона, Рафаел Маркес, тренерот на Реал Сосиедад, Иманол Алгуасил, актуелниот тренер на Болоња, Тијаго Мота, и тренерот на Жирона, Мичел Санчес.

Но, иако се појави списокот во јавноста, новинарите на поткастот очекуваат управниот одбор да му изрази поддршка на Чави, кој би добил шанса да ја заврши сезоната поради правилата на Фудбалската федерација на Шпанија. Имено, според правилата, во Ла Лига, тренерите смеат да водат само една екипа во сезоната.

- Оглас -

Најнови вести