Турскиот меѓународен судија Умут Мелер вчера беше физички нападнат од претседателот на екипата Анкарагучу, кој незадоволен од делењето на фудбалската правда, се симна на теренот и со тупаници, а потоа и со удари со нога го нападна 38-годишниот судија.
Во моментов двајцата се хоспитализирани, Мелер поради ударите кои ги доби, а претседателот Коџа поради проблеми со срцето, но е под полициски надзор.
Денес претепаниот судија доби и телефонски повик од претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, кој му вети брзо расчистување на целата ситуација и праведно решение.
Триесет и осумгодишниот судија на своето семејство му најавил дека тука е крајот на неговата судиска кариера, па останува да видиме дали ќе остане на тој став или ќе го промени мислењето.
@playspor #Cumhurbaşkanı RecepTayyipErdoğan, #HalilUmutMeler ile telefonla görüşüp geçmiş olsun dileklerini iletti. #hakem #FarukKoca #fypシ #fyp