Фенербахче му врачи отказ на Итудис, познат е и фаворитот за негов наследник

Кошаркарскиот евролигаш Фенербахче се одлучи да му врачи отказ на грчкиот тренер Димитрис Итудис. Тој на клупата на клубот од Истанбул седна летото 2022 година, но од раководството на Фенербхче не се задоволни од постигнатите резултати оваа сезона.

Фенербахче оваа сезона има седум порази во Евролигата и три во домашното првенство, што беше доволна причина за разделба со грчкиот тренер.

Веќе започна да се шпекулира и кој ќе го наследи, а најголем фаворит е поранешниот тренер на Партизан, Италијанецот Андреа Тринкиери, кој по заминувањето од Баерн Минхен е без ангажман.

- Оглас -

Најнови вести