Светската фудбалска федерација, ФИФА, ги објави финалистите во трката за тренер на годината, а тоа се Хосеп Гвардиола, Лучано Спалети и Симоне Инѕаги.
ФИФА на 15 јануари во Лондон ќе ги прогласи најдобрите за периодот од 19 декември 2022 до 20 август 2023 година. Во гласањето за The Best учествуваат капитените и селекторите на сите светски селекции, новинари и навивачи.
Деновиве ќе се знае и кои тројца фудбалери се кандидати за признанието на ФИФА за најдобар на светот за 2023 година.
Инаку, голем фаворит за тренер на годината е Гвардиола, кој со Манчестер сити освои тројна круна (Лига на шампиони, Премиер лига и ФА купот во Англија).
Спалети направи подвиг со Наполи и убедливо ја освои италијанската Серија А, прва титула за клубот по 33 години, додека Инѕаги го донесе Интер до финале во Лигата на шампионите и ги освои Купот и Суперкупот на Италија.