Македонија ги дозна ривалите за следното издание на Европската златна лига

Одбојкарската репрезентација на Македонија и следната година ќе биде дел од Европската златна лига на ЦЕВ. Нашата репрезентација со пласманот во осминафиналето на последното Европско првенство само го потврди својот рејтинг и се најде помеѓу 12-те селекции кои ќе се натпреваруваат во поквалитетната конкуренција.

За разлика од претходните години, оваа нема да се игра по групи, туку ќе се преземе системот за натпреварување од Лигата на нации, па така сите репрезентации ќе играат против различни противници. Ќе се одиграат три турнири, а најдобрите четири селекции на збирната табела ќе разигруваат за медалите.

Македонија ќе биде домаќин на првиот турнир, на кој ќе учествуваат уште и Чешка и Естонија. Потоа ни следуваат турнири во Белгија и Хрватска.

Распоред:

Турнир 1 (Македонија)

17.05.2024 МАКЕДОНИЈА – Естонија
18.05.2024 Чешка – Естонија
19.05.2024 МАКЕДОНИЈА – Чешка

Турнир 2 (Белгија)

24.05.2024 Азербејџан – Белгија
25.05.2024 МАКЕДОНИЈА – Азербејџан
26.05.2024 МАКЕДОНИЈА – Белгија

Турнир 3 (Хрватска)

31.05.2024 МАКЕДОНИЈА – Хрватска
01.06.2024 МАКЕДОНИЈА – Шпанија
02.06.2024 Хрватска – Шпанија

Одбојкарската федерација на Македонија одлучи следната година женската репрезентација да не учествува во Европската лига, но затоа девојките, слично како и мажите, ќе играат во квалификациите за Европското првенство, кои започнуваат во август.

- Оглас -

Најнови вести