Нокаут-фазата во Лигата на Европа ќе биде возбудлива бидејќи во неа ќе бидат неколку поранешни европски шампиони, како Ливерпул, Милан, Бенфика, Олимпик Марсеј, Феенорд, но и екипи како Рома, Баер Леверкузен.
По завршувањето на групната фаза, веќе се познати шеширите за ждрепката за нокаут-фазата која ќе се одржи в понеделник.
Првопласираните екипи во групната фаза обезбедија директен пласман во осминафиналето и тие ќе бидат во еден шешир. Тоа се екипите на Вест хем, Брајтон, Ренџерс, Аталанта, Ливерпул, Виљареал, Славија Прага и Баер Леверкузен.
Во вториот шешир ќе бидат победниците од дуелите меѓу третопласираните екипи од Лигата на шампионите и второпласираните од Лигата на Европа.
Екипи кои од ЛШ се селат во Лигата на Европа се: Галатасарај, Ланс, Брага, Бенфика, Феенорд, Милан, Јанг бојс и Шахтар.
Екипи кои го освоија второто место во Лигата на Европа се: Фрајбург, Олимпик Марсеј, Спарта Прага, Спортинг, Тулуз, Рен, Рома, Карабах.