Харден дојде до јубилеј 25.000 поени, Јокиќ испиша историја, Чикаго како пред 25 години (Видео)

ЛА клиперс го победи Голден стејт со 121-113 во натпревар на кој Џејмс Харден стана 24-тиот кошаркар во историјата со постигнати 25.000 поени во НБА-лигата. Брадата имаше феноменален придонес од 28 поени и 15 асистенции во победата над Вориорс.

Никола Јокиќ со трипл-дабл му помогна на Денвер да го надигра Бруклин со 124-101, а доминантниот српски центар стана прв играч во историјата на НБА кој седум сезони по ред бележи барем по 10 трипл-дабл.

Одлична партија имаше и Лука Дончиќ (39 поени и 13 асистенции), но Далас беше поразен од Минесота со 101-119.

Чикаго булс го совлада Мајами со 124-116 во меч на кој Биковите за првпат по 25 години водеа со 25 поени разлика во првата четвртина. Дека играчите на Чикаго беа расположени, докажува и асистенцијата на Демар Дерозен, која е потег на вечерта. Погледнете:

https://twitter.com/i/status/1735472015740379362

- Оглас -

Најнови вести