Уште не беа спласнати реакциите по нападот од страна на претседателот на Анкарагучу, кој нокаутираше судија, а веќе нов скандал го тресе турскиот спорт.
Тежок инцидент се случи на натпревар од второлигашки меч во женска одбојка одигран во градот Адана. Гостинските одбојкарки беа нападнати со шишиња, а една од нив, Берфин Арслан, беше повредена и доби исеченица под коленото.
Погледнете каков хаос беше во салата:
‼️ Bu rezil görüntüler, Voleybol Kadınlar 1. Lig’indeki İmamoğlu Bld. – Nicer Hotel Voleybol maçının sonuna ait.
Kameraya doğru sekerek gelen ve çığlıklar atan sporcunun adı Berfin Aslan. Sahaya gelen yabancı maddelerden birisi bacağını yardı ve 5 dikiş atıldı. pic.twitter.com/Gkit29AH19
— Koray Baloğlu (@koraybaloglu) December 13, 2023