Лазаров го објави списокот, 19-мина ракометари во комбинација за настап на ЕП (Фото)

Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, денеска го објави списокот на ракометари кои се во комбинација за настап на Европското првенство во Германија.

Лазаров на подготовките ќе смета на 19-мина ракометари, но за секој случај, на списокот има и осуммина ракометари како резерва кои ќе може да се приклучат на подготовките во секој момент.
Според планот на селекторот Лазаров, ракометарите ќе одиграат и контролни натпревари против Црна Гора и Грција.

Собирот е закажан за 20 декември во 17 часот, традиционално во хотелот Александар Палас.

ЕП ќе се одржи од 10 до 28 јануари идната година во Германија, а Македонија е дел од групата А заедно со домаќинот, Франција и Швајцарија. Според пропозициите, само двете првопласирани екипи ќе обезбедат пласман во главната рунда.

 

- Оглас -

Најнови вести