Јасикевичиус дебитираше со победа, шок порази за Олимпијакос и Барселона

Екипата на Фенербахче предводен од новиот тренер, Шарунас Јасикевичиус, забележа значајна победа од 86-74 над Монако. Дебитантската победа на литванецот беше обезбедена во третата четвртина, која им припадна на кошаркарите на Фенербахче со 22-12, што на крајот се покажа како доволно за седма победа на клубот од Истанбул во Евролигата.

Вистинско изненадување приредија кошаркарите на Валенсија, кои забележаа голема победа од 56-63 на гостувањето кај Олимпијакос. Минатогодишниот финалист на Евролигата својата неефикасност ја плати со седми пораз оваа сезона.

Второто изненадување вечерва го приредија кошаркарите на Милано, кои забележаа победа на гостински терен против Барселона со 86-90. Каталонците лошо го отворија натпреварот и го загубија првиот период со 19-29, негатива која не успеваа да ја надополнат во текот на целиот натпревар.

- Оглас -

Најнови вести